Во изјава за белоруски медиуми, Тимур Дибиров потврди дека останува во Скопје, и покрај интересот за Мешков Брест.

„Останувам во Вардар. Го сакам клубот и градот, и среќен сум што и понатаму ќе играм тука“, изјави Дибиров кој воедно се заблагодари на коректноста на луѓето од Мешков Брест по повод преговорите.

„Си посакавме среќа еден на друг. Но во моментов во Мешков Брест не истакнуваат потреба да менуваат ништо на позицијата лево крило, бидејќи имаат широк состав на играчи“, изјави Дибиров.

Русинот е едниот кој изразил желба да остане, како и Дисингер и Стоилов кои остануваат во клубот и покрај заминувањето на Сергеј Самсоненко и враќање на клубот во рацете на Михајло Михајловски.