Тимур Дибиров и следната сезона ќе го гледаме во дресот на Вардар.

Рускиот репрезентативец е миленик на фановите на македонскиот првак, во Скопје дојде во 2013 година, се приврза за Вардар, како што кажа самиот го сака тимот, навивачите и самиот град.

Тој на својот “Инстаграм” профил испрати моќна порака со една фотографија.