Поранешниот напаѓач Самуел Ето раскажа за тоа како Жозе Мурињо, Марко Матераци и Масимо Морати го убедиле да ја напушти Барселона и да отиде во Интер во 2009 година.

Мурињо лесно ме убеди да дојдам – ми прати дрес на Интер со број 9 и ми напиша ’овој дрес те чека’. Имаше голема разлика во моите барања и понудата на Интер. На преговарачката маса реков: ’Ајде да ја претвориме разликата во тимски бонуси ако ја освоиме Лигата на шампионите за две години’. Десет месеци подоцна бевме европски прваци.“, вели Ето.

Матераци ми прати порака: ’Ако дојдеш во Интер, ќе освојам се’. Го немав неговиот телефонски број, па го прашав Деметрио Албертини дали тој ја пратил пораката. Навистина беше од Марко. Такво нешто не сум имал дотогаш во кариерата. Ме изненади Марко. Претседателот Морати дури ми зборуваше на Француски: ’Ето, верувај ми ќе си поминеш фантастично во Интер. Ќе бидеш како дома’. Тој беше во право“, кажа Ето за „Газета дело Спорт“.