Екипата на Наполи го загуби трпението со Дрис Мертенс и неговата „сага“ околу иднината. Белгискиот фудбалер нема договор по завршувањето на сезоната,  и натаму не е познато дали ќе остане или ќе се реши да замине.

Постојат многу шпекулации, а најновата е дека ќе оди во Интер.

На Наполи веќе му дојде преку глава неговата неизвесност, и затоа се реши да му даде рок. Тој рок е 7 дена, и во тој период Мертенс треба дефинитивно да одлучи: дали ќе замине, или ќе го продолжи договорот.

Се чини дека Белгиецот е блиску до заминување, а листата на клубови кои би го ангажирале е долга. Интер и Борусија Дортмунд се засега во трка за неговиот потпис.