Германското кошаркарско првенство, по се изгледа, ќе биде продолжено со примена на најстроги мерки на безбедност. Дел од влијателните меидуми во Германија објавија дека сезоната треба да заврши до 30 јуни, а првенството ќе продолжи со 10 екипи поделени во две групи.

Сите натпревари ќе се играат пред празни трибини, без маскоти и групи за поддршка. Сите кошаркари ќе минуваат редовенкоронавирус двапати неделно. Во исто време, кошаркарите ќе живеат во хотелски еднокреветни соби, специјално закупени во хотели во кои нема да има присуство на повеќе од 22 лица. На играчите ќе им бидат забранети контакти со семејството и пријателите се додека не заврши сезоната.

Покрај тоа, учесниците ќе бидат ограничени во контакти со новинарите и менаџерите. Салите постојано ќе се дезинфицираат, а топката ќе претрпи дезинфекција секој пат кога ќе излета надвор од теренот подалеку од два метри.