Словенечкиот пикер Домен Сикошек Пелко дефинитивно замина од таборот на македонскиот првак. Словенецот се сели во Шпанија во тимот на Ла Риоха.

Пелко дојде минатата сезона во Вардар, не се прослави премногу, но добро ја искористи секоја доверена минута. 22-годишниот ракометар имаше договор за уште една година, но не ја искористи опцијата.

До сега од европскиот првак заминаа Сташ Скубе, Сергеј Горбок, Калифа Гедбан, Артур Кугис, Данил Шишкарев, Де Толедо, Дејан Кукуловски.