Повеќето кошаркари кои настапуваат во шпанскиот шампионат сакаат сезоната 2019/2020 да биде целосно прекината.

Сојузот на професионални играчи на Шпанија (АБП) спроведе анонимна анкета меѓу кошаркарите од АЦБ-лигата, а според резултатите, повеќето од нив не се за продолжување на тековно суспендираната сезона.

Во анкетата учествувале вкупно 157 играчи, од кои 107 гласаале против продолжението, а само 50 за продолжение на првенството. Во некои тимови, сите анкетирани играчи биле против. Сепак, постојат и случај на само еден клуб во кои сите 10 испитаници биле за продолжување на првенството.

Конечната одлука, дали ќе се доигра шампионатот оваа сезона ќе биде донесена на 31 мај.