Борусија Дортмунд и напаѓачот Ерлинг Халанд имаат усмен договор тој да остане на „Сигнал Идуна Парк“ до крајот на договорот. Норвежанецот заигра за „милионерите“ во јануари, но веќе неколку месеци подоцна има голем број шпекулации за неговата фудбалска иднина.

Шпански Реал Мадрид важи за најголем фаворит за потписот на играчот, сакајќи да го донесе во тимот како замена за Карим Бензема.

Сепак, според шпанските медиуми, германскиот клуб нема намера да го продаде Халанд до летото 2022 година, затоа што има договор меѓу клубот, играчот и агентот на играчот, Мино Раиола.