Пеколно трио во нападот подготвува Реал Мадрид по завршувањето на идната сезона. Со оглед дека оваа сезона и натаму трае неизвесноста околу нејзиното завршување, се шпекулира дека „Кралевите“ идната сезона би го споиле пеколното трио Азар – Халанд – Мбапе.

Азар веќе го имаат, за Халанд веќе се шпекулира дека ќе продолжи како „крал“, додека Мбапе со едната нога има трансфер во Мадрид.

Доколку ова го направи Реал, тогаш навистина ќе има напад кој што е за респект и кој ќе биде задолжен за многу голови.