Поради пандемијата коронавирус беа одложени голем број на важни спортски настани. Токму ваквиот потег кој беше неизбежен дополнително ќе ги оптерети играчите, распоредот за следната сезона и годината што доаѓа ќе „крцка“.

„Ќе биде тешко, не чека пеколна сезона, Не очекуваат интересни натпревари и многу време минато во пат“, изјави Сандер Сагосен кој во новата сезона ќе биде член на Кил.

Новиот рекордер по бројот на погодоци на Европските првенства смета дека мора да биде намален бројот на натпревари, да се тргнат непотребните.
„Мора да се тргнат дел од мечечите на пример квалификациските за да може да се одигра нешто друго“, додаде Сагосен.