Фудбалската Федерација на Бугарија неодамна донесе одлука,  секој клуб кој ќе плати ќе може да игра во повисок ранг, се разбира ако во таа лига има празно место. Па така од следната сезона во елитната лига на нашиот источен сосед ќе играат две екипи кои се викаат ЦСКА Софија. Се разбира, ова го има само на Балканот. Ова е нешто неверојатно, а интересно е тоа што малку недостигаше и кај нас да има такво нешто, две Победи од Прилеп да играат во елитата, но тоа не се случи.

Затоа во Бугарија во следната сезона во Првата лига ќе играат ПФК ЦСКА Софија и ФК ЦСКА Софија.

И двата клуба имаат ист грб, исти дресови – црвени, само играат на два различни стадиони и се два различни субјекти.

Некој ќе праша па како е тоа можно?

ПФК ЦСКА е основан во 1948 и ќе игра на својот армиски стадион, додека ФК ЦСКА е основан во 2016 и ќе игра на стадионот “Васил Левски“.

Сега кој клуб е оној оригиналниот, армискиот?

ПФК ЦСКА банкротираше во 2015 година, но со помош на правни заврзлами, со купување на лиценцата на Литекс, сепак успеа да се спаси од испаѓање од понизок ранг, да се спаси од гаснење. И успеа сепак да остане како правен наследник на ЦСКА Софија.

Незадоволни од ваквиот развој на настаните, група фанови во 2016 година го формираа колубот ФК ЦСКА и тие бараат овој клуб да биде наследникот на “вистинската“ ЦСКА Софија. Тие започнаа со настап во третата лига и сега со купување на место во елитата, во наредната сезона ќе играат со најдобрите клубови во Бугарија, па и против ПФК ЦСКА.

Инаку разликата во грбот е таа што ПФК ЦСКА има три ѕвезди а ФК ЦСКА нема ниту една.