По заминувањето на Звонимир Бобан од Милан, веќе наголемо се шушка дека и Паоло Малдини, по крајот на сезоната, ќе си оди од „Сан Сиро“. Во случај во италијанскиот гигант да дојдат Рангник и Нагелсман, првиот како директор а вториот како тренер, тогаш јасно е дека за легендарниот италијански фудбалер ќе нема место во неговиот Милан.

Ново е тоа што пред некој ден Реал Мадрид, преку своите “канали“ му предложил на Паоло, во случај да си замине од Милано, да дојде во Мадрид и тоа на “Сантијаго Бернабе“, и да је преземе функцијата спортски директор на Реал Мадрид.

Според информациите од Италија, Малдини не би имал ништо против да се пресели во шпанскиот главен град.