Столе Димитриевски и останатите фудбалери на Рајо Ваљекано, иако беше закажан тренингот за денеска, сепак одбија да тренираат. Предводени од тренеро Пако Хемез не истрчаа на теренот и не го одработија својот тренинг. За таквиот потег тие имаат добри причини, и заслужуваат едно големо – БРАВО.

Имено Хемез и неговите играчи со ова покажаа дека не се согласни со потезите кои ги влечат раководните структури на клубот. Ова е еден вид на протест, па и штрајк ако сакате.

Во време на Ковид-19 првите луѓе на Рајо одлучија да ги намалат платите не само на играчите, туку и на сите што се вработени во клубот. А познато е дека тие, за разлика од играчите, земаат далеку помали плати. Излегува дека играчите се борат за правата на вработените, а не за себе и своите плати. Како што се напоменува, симпатизерите на Рајо си имале свои принципи, и биле многу блиску до социјалистичките идеи. 

Секако дека овој потег на играчите, фановите и тоа како ќе го одобрат.