Импресивна партија на фудбалерите на Баер (Л) и победа од 4:1 на гостувањето кај Вердер за останување во тесна битка за местата кои водат во Лигата на шампионите. Вечерва во Бремен фантастично прво полувреме имаше големата ѕвезда кај гостите, Каи Хаверц, кој со два гола потврди зошто е едно од најбараните имиња на трансфер пазарот.

Во период од само 5 минути во првиот дел видовме три гола. Во 28. минута Каи Хаверц погоди за водство на гостите од 1:0, но само две минути подоцна домашните дојдоа до израмнување преку Гебре Селасие.

Тоа не беше причина гостите повторно за само 3 минути да не постигнат нов гол. Повторно во главна улога Каи Хаверц за ново водство до 2:1 за Баер (Л).

Во продолжението, Вердер не успеа да се врати во ритам, а упорните гости со уште два гола само го потврдија триумфот. Најпрво Вајзер во 61. минута погоди за 1:3, а конечните 1:4 беа дело на Демирбај во 78. минута.
Со овој меч се затвори 26. коло од рестартираната Бундеслига.

Пласман обезедио Sofascore резултати уживо