Младиот фудбалер на Челзи Калум Хадсон-Одои повторно направи проблем, но сега е уапсен од полицијата. Во извештајот на полицијата стои дека девојка е однесена во болница, а момче е уапсено на местото на случувањето и е во притвор во полиција.

Англиските медиуми исчепкаа детали, а Хадсон-Одои на социјалните мрежи запознал девојка со која почнал да кокетира, си размениле неколку „жешки“ зборови и фотографии. Потоа фудбалерот ја повикал девојката во својот дом, а таму се искарале, нејзе и се слошило и повикала полиција и итна помош.

Полицијата го уапсила фудбалерот на Челзи, а девојката завршила во болница. Ќе се утврдува дали и физички ја нападнал бидејќи ако го направил тоа ќе оди и во затвор.

Одои претходно беше позитивен на коронавирус, а потоа направи глупост со тоа што место да седи во изолација тој приредуваше забава.