Целиот тим на Македонија ЃП утрово направи тестирања за коронавирусот. Тоа е првата екипа која го прави овој потег, како пред подготовка за почеток на групните тренинзи.

Тестирањето беше направено на стадионот во Ѓорче Петров, каде на сите играчи, стручниот штаб и вработените во администрацијата на клубот им беа земени брисеви кои ќе бидат однесени во лабараторија на тестирање.

Резултатите ќе бидат познати во следните денови.

Веројатно секој тим што ќе сака да почне со колективни тренинзи, прво ќе мора да оди на тестирање на сите играчи и вработени.