Тренажниот процес на Шпанските фудбалски прволигаши влгува во следната фаза. Се преминува, односно е дозволен групен тренинг со присуство на десетмина фудбалери.

БАрселона и Реал Мадрид веќе се пофалија со фотографии од колективниот тренинг, а тренираа за изненадување и играчите на Еибар, клуб кој што претходно јасно стави до знаење дека има проблем со ваквкиот начин на функционирање.

Примера наведе дека почетокот на групниот тренинг е голем чекор напред кон рестартирањето на лигата во најкус можен рок. Истиот е закажан на 12 јуни.