Тренерот на француски Олимпик Марсеј, Андре Виљаш-Боаш, и натаму не сака да прифати нов договор со францускиот прволигаш.

Според весникот „Л’Екип“, тимот од „Велодром“ му дал предлог за нов договор, но Португалецот веднаш го одбил. Сегашниот договор на Виљаш-Боап со францускиот великат е до летото 2021 година.

Претходно беше објавено дека немањето финансиски гаранции и разрешувањето на спортскиот директор на клубот Андони Зубизарета се причлините поради кои Португалецот нема намера долго да се задржи во Марсеј. Меѓу кандидатите за негови можни наследници се споменуваат Маурисио Покетино и поранешниот тренер на Монако, Леонардо Жардим.