Раководството на Германската кошаркарска лига официјално потврди дека ќе продолжи и тамошното првенство. Сезоната ќе се доигра во Минхен и тоа комплетно во текот на јуни.

Целосниот распоред ќе биде претставен во рок од неколку дена. Според новиот формат, десет екипи ќе учествуваат во последната фаза од националното првенство, поделени во две групи.

Во првата ќе бидат вклучени Баерн (М), Крејлсхајм, Олденбург, Гетинген и Улм, а во втората – Брос Бамберг, Алба, Вехта, Лудвигсбург и Скајлајн. Во моментот на прекин на регуларната сезона Баерн (М) беше во водство.