Бундеслигата е првата од најголемите лиги во Европа, која тргна по кризата со Ковид-19. Дури и Англија не крие дека чека да види што ќе се случува во Германија, за да и кај нив тргне елитниот фудбал. 

Но Германија нема да биде пионер само во овој сегмент, имено првиот човек на Фудбалската Федерација на таа земја Фриц Келер, најавува нешто револуционерно, што на играчите секако дека нема да им се допадне, а тоа е ограничување на платите во фудбалот.

“Последиците од корона-кризата допрва ќе ги чувствуваме, и тоа долго, долго. Затоа мораме да бидеме подготвени, мора да се направи план, стратегија, што понатаму со фудбалот. Мораме да знаеме како  фудбалот ќе функционира понатаму. Прво што размислуваме е да се воведе ограничување на платите на играчите. Бесмислено е толку пари да се издвојуваат за плати на играчите. Тие суми не се реални. Огромните суми кои ги земаат менаџерите и парите кои одат како отштета се повеќе фудбалот го одалечуваат од обичнио човек, а притоа и го иритираат. Мора еднаш да се постават одредени стандарди“ изјави Келер.