По долго чекање, италијанските прволигаши полека се враќаат со тренинзи. Џенова на нашиот Горан Пандев оваа недела почна со индивидуалните тренинзи пред очекуваната одлука на Владата за дозвола за групни тренинзи. Нашиот најдобар фудбалер денеска работеше на тренинг центарот на Џенова и најави враќање на фудбалските возбудувања на Апенините.