Ракометарките на Куманово денеска испратија пријава до Ракометната федерација на Македонија за настап во женското издание на Лигата на шампионките следната сезона.

Македонија има директно место во групната фаза според ЕХФ ранкингот, но сепак, треба да се почека на дефинитивната одлука на ЕХФ околу формирањето на екипите кои ќе бидат вклучени во најелитното натпреварувањ.

Кумановки имаат желба да ја донесат евро-елитата во својот град или евентуално во Скопје, доколку добијат „зелено светло“ за настап во најсилното европско натпреварување.

ЖРК Вардар последен пат играше во Лигата на шампионите пред две години.