До пред извесно време Леброн Џејмс беше скептичен околу тоа во НБА да продолжи сезоната без присуство на гледачи на трибините. Но откако стана јасно дека ќе се игра во празни арени подолг период, најдобриот кошаркар во светот, членот на Лејкерси, сега има нов став, имено тој повикува да има рестарт, па макар и без гледачи:

Дефинитивно не дигнавме раце од оваа сезона. Моите сограчи, јас, и сите во Лејкерси сакаме да играме. Гледам дека некои спортови полека се враќаат. Посакувам одново да играм кошарка, јас го обожавам овој спорт. Јасно е дека треба да се придржуваме на препораките на лекарите и стручњаците во ова време на пандемијата, секако дека здравјето е во преден план, но јас сакам што побргу да се вратам на терен. Иако не бев премногу среќен за тоа дека ќе мора да се игра без публика, сега ситуацијата е поинаква, сега ќе мораме пред празни трибини. Ајде да играме кошарка, па макар и бее гледачи. Тоа јас го сакам“ изјавил Леброн.