По ангажманот на ново голманско име и продолжените договори со повеќето ракометари, новата управа на РК Вардар е во потрага по замена на позицијата среден бек, каде следната сезона ќе го нема Словенецот Скубе кој го напушта тимот.

Според последните клупски информации, „црвено-црните“ се во преговори со организаторот на играта на екипата на Порто, Мигел Мартинс, но засега нема конкретен договор.

Мартинс имаа 22 години и оваа сезона играше против Вардар во ЛШ. Тој беше дел и од португалскиот состав кој настапи на последното европско првенство.