Екипата на МЗТ Скопје Аеродром денеска посети едно од неколкуте кошаркарски игралишта во населбата Јане Сандански и ја тестираше новата милтифункционална подлога.

„Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром денеска тестираа едно од неколкуте кошаркарски игралишта во општина Аеродром, на кои се поставени нови мултифункционални подови со врвен квалитет, наменети за безбеден спорт и рекреација и кои се еколошки, без штетна емисија, рециклирачки, ергономски, со сертификати признати од ФИБА.

Забраната за тренинзи сѐ уште не ни дозволува да се вратиме во сала и да продолжиме со работа, онаму каде што застанавме кога пред два месеци беше прекинато првенството поради пандемијата со коронавирусот, но тоа не беше пречка нашите играчи малку да поработат индивидуално и на отворено да се подружат со топката, но и помеѓу себе. Секако, придржувајќи се кон сите препораки за социјално дистанцирање и заштита и дезинфекција, како средства за борба против болеста Ковид-19“ – истакнаа Аеродромци.