На 19 мај пред 18 години екипата на Кометал Ѓорче Петров успеа да стане европски првак. Тоа беше сензација, прва македонска ракометна екипа која освоила трофеј во најсилното клупско натпреварување – Лигата на шампионите.

Во натпреварувачката сезона 2001/02 Кометал се сретна во финалето со унгарскиот Херц Ференцварош. Првиот меч го загуби со 27:25, а на реваншот на домашно тло во полната сала СРЦ „Кале“ на 19 мај ракометарките на македонскиот првак победиja со 26:22 и така ја анулираа негативата од првиот меч.

Скопје прослави историски успех, европски трофеј во ракомет за првпат засвети во нашата држава.

Кометал ЃП таа сезона играше во состав: Кастратовиќ, Малахова, Бујанова, Будимир, Кисељова, Платон, Велкова, Андрушченко, Чупиќ, Дину, Калиниченко, Нацева Бошева, Плошчинска, Златановска.

Тогаш тренер беше Александар Панов.