Англичанецот во Интер, искусниот бек Ешли Јанг е со нов имиџ. Едноставно не можете да го препознаете. Дури и фановите на Интер се чудеа кој ли е овој на тренинзите на “неро-аѕурите“. Имено сега Ешли Јанг, по излегување од карантин поради Ковид-19, не е келавко, пуштил коса. Ова е промена на имиџот по долги, долги години. Ретко кој го памети Јанг, уште кога играше за Манчестер Јунајтед, со коса.

Инаку Интер е задоволен од тоа како одигра Јанг на тие неколкуте натпревари пред прекинот во Серија А. Јанг има договор со клубот од “Меаца“ до крајот на оваа сезона, но извесно е дека Интер ќе му го продолжи барем на уште една година.