Стаклениот Марко Ројс одново се повреди, и тоа на тренинг. Страдал примицачот, но и стопалото, а тоа значи дека не само што нема да го предводи тимот на Борусија Дортмунд на мега – дуелот со Баерн Минхен, туку за него заврши и целата сезона. 

Интресно е тоа што оваа сезона, која имаше и пауза поради Ковид-19, оваа повреда за Марко Ројс е осма. Таков малер се чини дека не е виден во фудбалот. Па затоа од таму шегите кога ќе се појави вест дека е повреден играч на Борусија Дортмунд, 99% од читателите веќе знаат дека станува збор за Ројс.

Педантните германци забележиле едне податок, дека Ројс во својата кариера пропуштил дури 119 натпревари за Борусија Дортмунд поради повреди.

Што е многу, многу е…

Штета, имено станува збор за еден од најталентираните германски фудбалери во историјата.