Речиси секоја година во Светот на фудбалот се појавуваат некои „нови“ Меси, Кака, Роналдо, Шевченко… кои ги споредуваат со сегашните и некогашните големи „ѕвезди“. Но, тие, за жал, ниту одблиску не се од она што биле или се големите фудбалски ѕвезди.

Најголема споредба има со Лионел Меси. Со него се споредуваат играчи речиси секоја сезона, а се чини дека најблиску до него беше Бојан Кркиќ. Тој го најавуваа како идниот тандем на Меси, идека Барса ќе има двајца играчи како Меси на теренот. Но… Кркиќ имаше голем пад во кариерата, беше испраќан на позајмици, за конечно да биде продаден. Не успеа да ја оживее кариерата, а сега со 29 години е дел од Монтреал Инпакт.

Исто така Ерик Ламела беше најавуван како „новиот Меси“, ама освен тоа што е од Аргентина и што повремено има некои „блицеви“ на добри игри, друго ништо не покажува. Тука се и Лукас Окампос, Тиаго Алмада кои што се далеку од она што е „асот“ на Барселона.

Жоао Феликс беше најавуван како новиот Кристијано Роналдо. На рана возраст за фудбалери направи трансфер во Атлетико, кој требаше да биде отскочна даска за понатаму. Меѓутоа Феликс не се вклопи онака како што се очекуваше во Мадрид. Со повремени „испади“ на добри игри, другото е се бледа копија на Кристијано. Дури има најави дека ќе биде продаден поради разочараност од она што го покажувал, но тешко дека Симеоне ќе се одлучи на таков чекор, а тој е познат како создавање на играчи. А, можеби и нешто ќе се смени со оглед дека Феликс е на почетокот на својата „голема“ кариера.

Долго време Бразил бара „нов Кака“. И кога се чинеше дека го најде, стигна разочарување. Тоа е Лукас Пакета од Милан кој што пристигна како огромно засилување. Бразилецот и натаму „лута“ со позициите во екипата, игра како офанзивен играч од средината на теренот, па лево, па десно, но никако да се пронајде себе си. Пакета, дефинитивно не е „новиот Кака“.

Андреј Јармоленко требаше да биде новиот Андреј Шевченко. И кога се чинеше дека оди по тој пат (направи трансфер во Борусија Дортмунд и играше солидно), сепак, почна вртоглав пад. Борусија крена раце од него, го продаде на Вест Хем каде што имаше и тешка повреда. Далеку е Јармоленко од тоа што беше Шева на времето кога „жареше и палеше“ во Европа.