Алекс Сонг имаше одлични настапи во дресот на Арсенал, а потоа следуваше заминување во Барселона, со што неговата кариера почна да оди во надолна линија.

Фудбалерот од средниот ред признал дека ја прифатил понудата од Барса поради тоа што сметал дека треба да биде милионер.

„Кога бев во Арсенал заработував добра сума на пари. Но, тогаш бев млад и не размислував многу. Купував се и сешто. Еднаш го видов Анри со добра кола на тренинг и си реков мора и јас да имам таква. Едвај ми остануваа 100 илјади фунти на година, а луѓето сметаа дека имам милиони. Чувствував дека треба да направам нешто за да ми останат пари кога ќе завршам со кариерата. Затоа отидов во Барселона, за да станам милионер. Таму ми понудија подобри услови“, рече Сонг кој мина кратко време во Барселона пред да замине од клубот.