Робин Кантегрел дефинитивно ќе го гледаме на голот на Вардар во новата сезона. 25-годишниот чувар на мрежата нема никакви обврски кон својот сега некогашен тим, Сесон-Рен, информациите кои доаѓаат од Франција се чиста шпекулација.

СПОРТМЕДИА прва го објави овој трансфер, македонскиот првак и Кантегрел веќе имаат потпишано договор. Тој заедно со искусниот Борко Ристовски и младиот Марко Кизиќ ќе бидат задолжени за мрежата на европскиот првак.

Французинот има одлични препораки, но и добри бројки зад себе, ако се земе дека тренер на Дејан Периќ, во тој случај се очекува да блесне во новата сезона.

Челниците на Вардар продолжуваат со градење на тимот за следната сезона.

Добро е познато дека договорот со „црвено-црните“ го продолжија: Стојанче Стоилов, Тимур Дибиров, Иван Чупиќ, Глеб Калараш, Кристијан Дисингер, нови имиња се Томислав Јагуриновски, Дмитри Санталов.