Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, по двомесечна пауза, се врати со тренинзи на тениските терени „Порте Романо“ во Марбеља. Заедно со Новак работи и Карлос Гомес Херера, моментно 428. тенисер во светот.

Денеска беше донесена одлука дека е дозволен тренинг на спортски терени, а српскиот тенисер веднаш ја искористи можноста да излезе на терен, што го привлече вниманието на јавноста, а на социјалните мрежи неговите фанови веднаш почнаа да разменуваат фотографии и коментари.

Тениската сезона официјално беше  прекината на 18 март , а продолжението може да се случи во втората половина на јуни.