По повод годишнината од совојувањето на Европската ракометна титула на екипата на Кометал Ѓорче Петров, пеачот Александар Митевски и актерот Драган Спасов Дац, заедно со ракометарките од таа легендарна генерација, направија римејк на легендарниот хит „Кометал шампионе“.

Митевски кој е и автор на песната, заедно со Спасов но и екс ракометарките на Кометал, со новиот спот но старата песна, не потсетија на едни убави времиња во кои женскиот македонски ракомет беше на врвот на Европа, и Скопје преку Кометал Ѓорче Петров беше познат во целиот свет.