Се разбира дека секој има право на грешка, па така и славниот Францисек Жмуда, некогаш репрезентативецот на Полска, а од 2009 до 2012 и селектор на Полска, еден од најдобрите тренери во таа земја. Приказната, која навистина е неверојатна, е поврзана со Роберт Левандовски, секако еден од најдобрите голгетери во светот во изминатата деценија, кој во дресот на Баерн Минхен  секојдневно урива рекорди.

Таа приказна датира од пред 12-13 години, кога Лева играл за некој нисколигаш, а Жмуда тогаш бил тренер на Лех. Го викнале да го гледа “малиот“ Лева. Жмуда дошол на мечот, седнал во ложата, но само по 10 минути станал. Кога го прашале што мисли за Лева, овој кажал дека ако му треба дрво ќе оди да бара во шума, а не на фудбалски натпревар и напоменал дека “малиот“ никогаш нема да биде стане играч, достоен да игра за Лех.

Интересно е тоа што по неколку месеци тоа “дрво“ потпишало за Лех, а тренер му бил токму Жмуда. После се е историја, посебно ако се знае дека Жмуда од 2009 до 2012 на Роберт му беше и селектор во полската репрезентација.

Од наш аспект, добро е да се спомене дека Златко Таневски, некогашниот дефанзивец и капитен на Вардар, беше во тој Лех од 2007 до 2010, и тоа заедно со Жмуда и Левандовски.