Франческо Тоти е во центарот на вниманието, откако откри дека бил на чекор до Реал Мадрид, сега испрати порака која не им се допадна на фановите на Лацио. Според легендарниот фудбалер во Рим постои само еден тим, а тоа е Рома.

„Зошто Рома или Лацио? Ова не треба да ме прашувате, за мене, Рома е Рим. Лацио не постои. Ова не значи дека зборувам лоши за нив, туку напротив: За мене Рома е уникат, баш исто како нејзините фанови“, изјави Тоти и додаде:

„Отсекогаш сум бил навивач на Рома. Го сонував дресот со број 10 и капитенската лента на рака. Рим за мене е најубав на целиот свет. Море, планини, сонце, пријатили, не би го менувал за ништо на светот“.