Јужнокорејскиот ФК Сеул им се извини на фановите за грешката што ја направија за време на саботниот натпревар кога на трибините на стадионот имаше поставено кукли на надувување (секс-кукли), а требало да има „манекени“ (кукли што се за излог во бутици).

По она што го видоа навивачите упатија сериозни критики до клупската управа, а од клубот направиле детална проверка и забележале дека компанијата им доставила погрешни кукли. За време на натпреварот навивачите забележале дека дел од секс-куклите држат рекламни плакати на локален сексшоп.

Па така место манекени со дресови на клубот, имаше секс-кукли. ФК Сеул се извини за пропустот.

FC Seoul left deflated after sex doll gaffe

FC Seoul football club fails to score with audience of sex dolls ...