Хабиб Нурмагомедoв, светската ММА сензација од Дагестан (Русија), вчера на својот Инстаграм напиша дека има големи семејни проблеми. Имено неговиот татко Абдулманап, кој воедно му е и тренер, се разбудил од кома, но се уште е во критична состојба. Да потсетиме дека тој се заразил со коронавирусот пред два месеци.

Инаку зборовите што ги напиша Хабиб просто ги шокира  неговите фанови:

Пола од семејството ми е заразено со коронавирусот, тоа се повеќе од 20 лица.Починаа неколку мои познаници, а голем дел од заразените се во болница. Ужасно е тешко да се носи човек со овие проблеми. Мојот татко беше на операција на срцето, а сега има проблеми со короната. Тој се разбуди од кома, но се уште е во критична состојба. Одново ќе мора да се подвргне на операција на срцето. Секој ден му се молам на Бог да ми се врати мојот татко“.