Шпанската Примера е во подготовка за рестартирање. Планот е мечевите да стартуваат на 12 јуни, а екипите од вчера веќе имаат дозвола да тренираат во групи од по десет.

Од друга страна пак, правилата под кои ќе се одвиваат мечевите, а се вече одобрени од страна на федерацијата, и надлежите институции, е дека на еден натпревар ќе може да бидат 197 луѓе.

Тоа е оптималната бројка со која што еден меч од првата шпанска лига може да биде организиран и да мине се во најдобар ред.