Египетската полиција уапсила банда разбојници кои вршеле злосторства скриени зад маските на напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах.

Според информациите, вооружената банда составена од четворица мажи е уапсена во Каиро додека се обидувала да ограби продавница. Сите четворица користеле маски со ликот на ѕвездата на египетскиот фудбал и на англиски Ливерпул за да го прикријат својот идентитет.

Членовите на бандата се обиделе да се сокријат откако ја виделе полицијата, но биле приведени и однесени во станицата.