Енис Барди, членот на Леванте, еден од нашите најдобри фудбалери во моментов, е еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во Ла Лига. Некои го споредуваат и со Меси, кога станува збор за овој елемент на фудбалската игра.

Дека Барди е фудбалски мајстор, фудбалски виртуоз, тоа сите го знаеме. Дека знае да постигне ефектен гол од далечина и тоа го знаеме, но ајде да се потсетиме кога Барди на еден меч и тоа на големата фудбалска сцена, и тоа во Ла Лига, за две минути постигна два супер гола од слободни удари.

Тоа се случи на 23 април 2018 година на натпреварот меѓу Атлетик Билбао и Леванте, и тоа на култниот “Сан Мамеш“. При водство на домашните од 1:0, во 42. и 44. минута од нешто одлево, нашиот Барди во два наврати испрати две “торпеда“ кон голманот на домашните Кепа, кој сега го брани голот на Челзи,за два гола, за водство на Леванте од 2:1. Пресврт и тоа само по заслуга на феноменалниот Енис Барди. До крајот на мечот Леванте постигна уште еден гол за конечни 3:1 на овој меч.

Таа вечер Македонецот ЦАРУВАШЕ на „Сан Мамеш“, таа вечер сите познати спортски медиуми во Шпанија и Европа, објавија за двата фантастични гола на Енис Барди.