Ќе плати ли Вардар!? Тоа е прашањето кое во земјава се поставува повеќе од она: „Кога и дали ќе продолжи лигата“. За првото прашање одговорот е до денеска, а на второто до петок.

Се ќе се знае откако ќе помине денешниот ден, односно неколкуте часа, минути – додека работат банките.

Вардар треба да мине низ својата сметка сума од 2.036.000 евра за да се исплатат долговите побарувањата и да се остане во игра за лиценца и за настап во новата сезона на УЕФА.

Цифрата од 2.036.000 евра е проблематична, тоа е очигледно со оглед на тоа дека се чека последниот момент, се чека некакво чудо или магија за да се спаси клубот од нова брука.

Од клубот во понеделникот до ФФМ најавија дека исплата ќе има. Вчера истата не се случи но попладнето пристигнуваа информации дека се ќе биде во ред. Тој ред и тоа се ќе биде… ќе се знае за многу брзо време.

Но во Вардар, околу Вардар се е некако мирно…! Како да нема проблем!

А математиката и проблемот барем вака за нас од страна е едноставен. Од овие 2.036.000 евра, околу 800.000 евра се средства кои играчите треба да ги вратат, затоа што добивале позајмици изминатиот период. Клубот има ваучер од околу 150.000 евра, а 57.000 евра доби од УЕФА и ФФМ.

Останатиот милион е во рака, ако екипата игра во квалификациските кола и Лигата на шампионите. Од таму 550.000 евра се од настап во прво коло во ЛШ и 250.000 од настап во Лига Европа. Тоа е мининмален иако со минување на едно коло се решаваат и други работи а можни се и добри ТВ права во ова време на пандемија кога нема да има навивачи на трибините.

Сите погледи денеска се кон Вардар и Сергеј Самсоненско, кој патем речено минатата недела најави дека го враќа клубот на Град Скопје. Иако рокот е до денеска, според некои информации истиот би можел да биде продолжен и до петок.