Вардар од први јуни ќе биде и официјално во рацете на стариот сопственик Михајло Михајловски, кој за Телма откри дека името на новиот субјект ќе биде Вардар 1961.

„Во фаза сме на преземање на клубот од Самсоненко. Кога тоа ќе се заврши, ќе пристапиме кон регистрирање на новиот субјект, кој ќе се вика Вардар 1961“, изјави Михајловски.

Европскиот првак и натаму работи на составување на тимот за следната сезона, договорени се дел од играчите чии договорени беа завршени, веќе се потпишуваат и нови засилувања. Едно од нив е францускиот голман Робин Кантегрел, трансфер кој СПОРТМЕДИА прв го објави.