Капитенот на македонската репрезентација Војдан Стојановски и следната сезона ќе го носи дресот на Гравелин-Данкерк.
Стојановски во јануари замина во редовите на овој тим по краткиот настап во По Ортез. Со челниците на клубот потпиша едногодишен договор.
„Да, останувам во Гравелин. Вчера го продолжив договорот со овој тим на уште една година. Соработката која ја имам пред се со тренерот Серж Кривекоер, но и целото раковоство на клубот, како и условите, плановите и амбициите кои ги имаат, едноставно беа клучниот фактор што ја продолжувам соработката со овој тим. Неможам  да не ја споменам и одличната публика, навивачите кои се нашиот шести играч и кои ни даваат неверојатно поддршка на секој натпревар“, изјави накратко за Сител ТВ, Стојановски.
Стојановски имаше продек 10,6 поени по натпревар, а имаше и учинок од 4,5 скокови и 2,2 асистенции.