Претседателот на германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) Фриц Келер и директорот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге имаат интересен предлог до УЕФА.

За време на кризата предизвиката од пандемијата на Ковид-19, уште еднаш се покажаа разликите меѓу платите на фудбалерите и обичните љубители на спортот, но на тие високи цифри може да им дојде крајот.

Келер и Румениге имаат намера да писмо до Чеферин во кое ќе му предложат ограничување на платите, и со тоа би се спасил фудбалот.

„Постојат апсурдни плати и надоместоци за некои трансфери, цифри кои не се веродостојни. Мораме да разговараме за ограничување на платите. Драго ми е што со ова се сложуваме со Румениге“, рече Келер.