КК Динамо Загреб е новиот кошаркарски клуб во Хрватска. Овој клуб до пред извесно време се викаше КК Рудеш, но ги смени името и грбот, кој максимално потсетува на оној на фудбалскиот ГНК Динамо Загреб. Новиот клуб доби и голема поддршка од “Бед Блу Бојси“, фановите на “модрите“, но нема никаква врска со ГНК Динамо од “Максимир“.  Еден од водечките личности во клубот е и Невен Спахија, еден од најпознатите кошаркарски тренери на овие балкански простори.

КК Динамо ќе биде ориентиран на пронаѓање на млади таленти и стручна работа со нив, но секако дека нема да се занемари и работата со сениорскиот тим.