Раководството на Шалке потврди дека нивни играчи, поточно членови на младинските школи на “рударите“, учествувале на илегален фудбалски турнир и тоа во Оберхаузен, и тоа во време на карантин, во време на кризата со Ковид-19.

На тој турнир, кој бил организиран преку социјалните мрежи, настапиле 200 играчи од повеќе клубови, засега Шалке излезе со официјална потврда.

Инаку полицијата е во потрага по организаторите, кои ги чека драконска казна, а секако дека ќе бидат казнети и самите фудбалери кои играле.