Луис Назарио да Лима Роналдо, или “вистинскиот“ Роналдо, според Фабио Капело, бил најголемиот талент со кој што тренерскиот маг некогаш работел.

Но воедно му правел и најголеми проблеми. Дон Фабио се присетува на деновите кога заедно со Бразилецот беше во Реал Мадрид.

“Тој беше најголемиот талент кого имав можност да го тренирам. Но со него имав и најголеми проблеми во соблекувалната. Не е тајна дека сакаше ноќен живот, алкохол и се што оди со тие работи. Еднаш пред тренинг ми пријде Руд ван Нистерлрој и ми кажа дека соблекувалната смрди на алкохол, толку реата била неподнослива. Така и беше, Роналдо мирисаше на алкохол. Сепак ако сакате да говорам за фудбалот, според мене Роналдо беше најголемиот талент, тука нема дилеми“ изјави Дон Фабио.