Фудбалерите во Премиер лигата почнаа со индивидуални тренинзи, па така и играчите на лидерот Ливерпул работат според препораките и чекаат знак за продолжување на сезоната. А Јирген Клоп вели дека има слично чувство како во првиот ден на училиште.

Кога се разбудив поради од вообичаено и сфатив дека е прв ден откако се враќаме во базата. Се чувствував како да сум прв ден на училиште. Тоа беше пред 46 години, но сигурен сум дека почувствував нешто слично. Морав одново да ја облечам униформата, но сега со добра причина. Среќен сум што повторно ги сретнав играчите“, изјави Клоп за клупската страница.

Се очекува Премиер лигата да продолжи во јуни.