Се уште најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот, Нејмар, е решен да се врати во Барселона. Според шпанските весници, Бразилецот е подготвен за сè, вклучително и сериозно намалување на платата, само да замине од Париз и да се врати во редовите на Каталонците.

Голгетерот на ПСЖ е подготвен да се откаже од 15 милиони евра годишно за повторно да заигра на „Ноу Камп“. Нејмар во моментов заработува по 35 милиони евра од сезона, но би прифатил да игра во Барселона и за 20 милиони.

Оваа одлука на Нејмар би можела да ги олесни преговорите меѓу двата клуба, кои се влошија веднаш по неговото заминување во летото 2017 година.