Францускиот напаѓач Оливие Жиру ќе ја игра и десеттата сезона во Премиер лигата. И покрај интересот на Интер, Лацио и уште неколку клубови, францускиот напаѓач ќе остане во Лондон, односно ќе продолжи да го носи дресот на Челзи и идната сезона.

Челзи ја активира клаузулата во договорот за потпис со Жиру до крајот на наредната сезона. А ни Жиру се согласил на тоа, па така се решени дилемите околу неговата иднина.

Воодушевен сум што ја продолжив соработката со Челзи. Едвај чекам да се вратиме на терен и да уживам во фудбалот со соиграчите“, изјави Жиру.

Челзи освен Жиру го задржа и резервниот голман Вили Кабаљеро кој потпиша договор на уште една година. А заминуваат Педро и Вилијан како слободни фудбалери.